Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски на аудиенција кај белискиот крал Филип

(Видео) Пендаровски на аудиенција кај белискиот крал Филип

Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на работната посета на Белгија, имаше аудиенција кај кралот на Белгијците, Филип.

dobivaj vesti na viber

Пендаровски и кралот Филип изразија задоволство од развојот на односите меѓу двете земји што се карактеризираат со цврсто и искрено пријателство, основани на меѓусебна почит и разбирање. Во пресрет на одбележувањето на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи беше нагласен интересот за понатамошно унапредување на билатералната соработка.

Претседателот Пендаровски во разговорот со Кралот на Белгијците Филип изрази благодарност за досегашната отворена и конструктивна соработка, како и за поддршката за процесот на македонската интеграција во Европската Унија.

На средбата беше истакнато и сојузништвото во рамките на НАТО како додадена вредност кон заедничкото делување за градење на постабилна и побезбедна Европа.

Можете да прочитате

ЛДП: Владата ја прифаќа иницијативата на ЛДП за референдумско отповикување

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато