Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски ги додели признанијата „Македонски квалитет“ за 2022 година

(Видео) Пендаровски ги додели признанијата „Македонски квалитет“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го додели признанието „Македонски квалитет“ за 2022 година на 10 претпријатија, кои дале значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво.

dobivaj vesti na viber

Традиционалната манифестација е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на претседателот Пендаровски.

Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинашните признанија за „Македонски квалитет“ се компаниите „Слога Пром“, „Гео Мрежа“, „Дуна“, „Вита Нова“, „Рептил“, „Перпетуумобиле секјурити“, фирмата „Тримекс“ Скопје, винаријата „Бовин“, хотелите „Климетица“ и „Маива“ и иницијативата „Донирај компјутер“.

„ Во време на економска и енергетска криза, висока инфлација и ценовни шокови, големо е искушението на компаниите да направат компромис. Некои да ги зголемат цените, а други да го намалат квалитетот на производите и услугите што ги нудат. Колку и да се понекогаш нужни, и двата пристапи можат да имаат негативни последици. Долгорочно гледано, и компаниите и клиентите плаќаат висока цена за нискиот квалитет на производот – компаниите поради загубите во производството, а клиентите поради загубената доверба.

Како и насекаде во светот, така и многу компании кај нас се наоѓаат во незавидна позиција. Да се инсистира на квалитет, и да се вложува во развој на својот потенцијал во кризни времиња претставува вистински подвиг, за што не е потребна само храброст, туку, пред сѐ, план и визија. Познато е дека компаниите што истрајуваат на овој пат многу полесно и побрзо ги пребродуваат кризите“ рече Пендаровски.

Тој рече дека е вистинско задоволство да се наградат оние македонски брендови кои не правејќи компромис со квалитетот, остануваат доволно атрактивни и за клиентите и за потрошувачите.

„ Имајќи ја предвид сложената економска состојба, овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку со тоа придонесоа и за повисок економски раст, што е национален приоритет број еден. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста, подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој и нови домашни и странски инвестиции. Многу од овие аспекти зависат токму од подготвеноста на секоја од компаниите да не отстапат од парадигмата на квалитетот и во кризни и во мирни времиња“ порача Пендаровски.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа