Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски ја потврди поддршката од Македонија за членство на Шведска во НАТО

(Видео) Пендаровски ја потврди поддршката од Македонија за членство на Шведска во НАТО
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Џесика Росвал, министерка за европски прашања на Кралството Шведска, која престојува во посета на Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави кои негуваат пријателство и заемно разбирање, за европските аспирации на Северна Македонија, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

Пендаровски изрази благодарност за доследната политичка и финансиска поддршка од Кралството Шведска за македонските евроинтеграции, истакнувајќи дека пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија се од клучно значење за забрзување на реформската агенда во земјава и позитивно ќе се одрази врз стабилноста и просперитетот на регионот. Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на поддршката и посветеноста на Шведска кон регионот и за време на актуелното шведско претседателство со Советот на Европската Унија.

Пендаровски ја реафирмираше поддршката од Северна Македонија за скорешно членство на Шведска во НАТО, што ќе придонесе за севкупната стабилност на европскиот континент.

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче