Утрински Весник
Свет

(Видео) „Ова е лага, се е само шоу“: Жена го понижи Путин среде разговор со луѓето во Мариупол

(Видео) „Ова е лага, се е само шоу“: Жена го понижи Путин среде разговор со луѓето во Мариупол

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ненадејно го посети окупираниот украински град Мариупол, само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

dobivaj vesti na viber

Но во текот на посетата забележан е моментот кога една жена пред многумина извикува дека се е само инсценирана претстава на Кремљ, пренесуваат локалните медиуми.

На видеото од средбата на Путин со локалните жители, споделено од руските државни медиуми, се слуша како личност во позадина вика: „Ова е лага, ова е само шоу“.

Придружбата на Путин брзо реагирала и се обидела да ја пронајде личноста која довикувала, пишува CNN.

„Толку пати те видовме на телевизија“, рекол еден од жителите, на што Путин одговорил: „Треба да почнеме подобро да се запознаваме“.

Некои од најжестоките борби во војната се водеа во Мариупол и често се користат за пропагандни цели откако Москва го освои минатата година.

Сателитските снимки од мај минатата година покажаа екстензивно расчистување на урнатините низ градот, вклучувајќи го и бомбардираниот театар во Маријупол.

Во наредните месеци, руските државни медиуми објавија снимки од обновените области, а Путин најави дека ќе го обнови целиот град.

Можете да прочитате

Силен земјотрес вечерва ја погоди Романија

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Њујорк Тајмс: САД одобриле трансфер на повеќе од 200 ракети од Германија во Украина