Утрински Весник
Свет

(Видео) Откриена е причината за падот на рускиот воен авион

(Видео) Откриена е причината за падот на рускиот воен авион

Две птици кои влетале во моторите на рускиот воен авион Су-34 биле причина за неговиот пад на тој во градот Јејск.

dobivaj vesti na viber

“Два галеба влетаа во моторите на Су-34 во моментот на полетување. Нивните останки ги пронајдоа иследниците при проверка на деловите од авионот. Тој инцидент доведе до пожар во еден од моторите на авионот”, изјавија агенциите за безбедност за ТАСС.

Минатиот понеделник 15 лица загинаа кога борбен авион Сухој Су-34 удри во станбен блок во јужниот руски град Јеиск, во близина на Украина.

Рускиот Истражен комитет минатата недела соопшти дека верува дека причина за падот на авионот е технички дефект.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен