Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, во Бањско поле кај Бор, вечерва со лисици на рацете се спроведени и донесени на распит во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Полициско возило под ротација во придружба на уште две возила по 21 часот пристигна пред Вишото јавно обвинителство во Заечар. Во четвртокот, како што пренесуваат српските медиуми, по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар, им е одреден притвор на двајцата поради постоење основи на сомнение дека на 26 март и го одзеле животот на Данка Илиќ. Откако полицијата ги уапсила осомничените за убиството на девојчето, потрагата по нејзиното тело продолжила. Десната страна на патот што води од Бањско Поле кон Бор, во близина на депонијата, е местото на најинтензивна потрага. Претресени се и имотите во селата каде што биле уапсени осомничените. Медиумите потсетуваат дека полицијата во Бор ги уапси работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор, Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот под сомнение дека ја убиле двегодишната Данка Илиќ.