Утрински Весник
Македонија

(Видео) Османи-Реинсалу: Очекуваме искуството на Естонија која е пионер во дигитализацијата во Европа, значително да ни помогне

(Видео) Османи-Реинсалу: Очекуваме искуството на Естонија која е пионер во дигитализацијата во Европа, значително да ни помогне

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, продолжи со регионалната посета на Балтичките земји, при што во Талин се сретна со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу.

dobivaj vesti na viber

На средба двајцата министри го поздравија интензивираниот политички дијалог во изминатиот период, кој ја отсликува заедничката определба за блиски односи и развиена соработка во областите од заемен интерес. Посетата се случува во исклучително сензитивен период на геополитички поместувања, кои имаат значајни импликации врз безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

Министерот Османи упати благодарност за силната и недвосмислена поддршка на Република Естонија, која во континуитет го помага процесот на европски реформи во нашето општество, но и ја вокализира поддршката во рамки на институциите на Европската Унија.

„ Поддршката од Естонија во рамки на “Групата на пријатели за проширување” заедно со другите Балтички земји е во прилог на задржување на европската перспектива и придвижување на европските процеси во Западниот Балкан, вклучително и во нашата земја“, истакна Османи.

Во овој контекст, Османи брифираше за тековниот скрининг процес, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија, како и за активностите кои престојат во наредниот период.

„Особено значајна за реформските процеси во Северна Македонија е естонската подршка за дигитализација на институциите во Северна Македонија и искористување на естонската експертиза на овој план. Очекуваме искуството на Естонија која е пионер во дигитализацијата во Европа, значително да ни помогне во натамошно подобрување на услугите во нашата земја“, изјави Османи.

Министерот Реинсалу го подвлече афирмативниот став на официјален Талин за континуирана поддршка на европските интеграции на Република Северна Македонија, не само преку билатерална развојна поддршка, туку и преку промовирање на потребата за напредок и придвижување на регионот на Западен Балкан кон европското семејство. Естонија високо го цени присуството на Северна Македонија на ниво на амбасада во Талин, што ги потврдува одличните пријателски односи меѓу двете земји. Реинсалу се осврна на состојбите во Естонија и безбедносните ризици во непосредно соседство, предизвикани од руската агресија врз Украина, при што ја реафирмира потребата од едногласна солидарност за подршка на територијалниот интегритет и мир на Украина.

Двајцата министри се согласија дека се потребни геостратешки одлуки во време на сериозни ризици на гео-политички план, vis-à-vis војната во Украина, како и единство и солидарност меѓу сите чинители за сочувување на стабилноста, безбедноста и мирот на европскиот континент. Заклучија дека сојузништвото и обединетоста во НАТO во однос на одвраќање и јакнење на Источното крило е од примарно значење за одбранбената положба на Алијансата во овој период.

Развојот на состојбите во Западниот Балкан, неодложната потреба од дијалог и меѓусебно почитување на засегнатите страни за изнаоѓање на прифатливи решенија за затворање на отворените прашања, беа дел од дискусијата. Министерот Османи брифираше и за идното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, изразувајќи надеж за блиска соработка и поддршка од пријателска Естонија.

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот