Утрински Весник
Спорт

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл, Денвер го победија Феникс

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл, Денвер го победија Феникс

Кошаркарите на Денвер го совладаа Феникс на домашен терен со 118:102 и имаат предност од 3-2 во серијата од второто коло од плејофот на Западната конференција на НБА.

dobivaj vesti na viber

Нагетс многу подобро го започнаа натпреварот, Санс брзо се вратија, но домашните го решија натпреварот со извонредена игра во третиот период. Во решавачката четвртина влегоа со предност од 24 поени.

Никола Јокиќ промаши седум од првите девет удари од поле, а во клучниот интервал – од крајот на втората до крајот на третата четвртина – постигна осум поени и го водеше својот тим до победата.

На крајот Јокиќ го оствари својот десетти плејоф трипл-дабл со 29 поени (12-20 од поле), 13 скока и 12 асистенции.

Брус Браун ја имаше најдобрата партија во оваа серија, постигна 25 поени (7-11 од поле, 9-10 пенали, 5ск), особено значаен во првото полувреме беше Мајкл Портер, кој заврши со 19 поени (7-11 од игра, 8ск), додека 19 поени постигна и Џамал Мареј (7-15 од поле), со 5 скока и 6 асистенции.

Нагетс многу подобро го чуваа Девин Букер и тој го имаше најслабиот меч во серијата – 28 поени, со 8-19 шут од поле, неколку шутеви кога мечот веќе беше решен, додека Дурант мечот го заврши со 26 поени (10-24 од поле ), 11 скока и 7 асистенции. Двоцифрен беше и Деандре Ајтон со 14 поени.

Шестиот натпревар на програмата е во петок од 4:00 часот по средноевропско време, во Феникс.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина