
Продолжениот празничен викенд традиционално измами многу Македонци да заминат во Грција.
Истото го прават и граѓаните на Србија, па тоа попладнево резултира со колони за излез од Грција и велз во Македонија.
Но како што се чекаше за влез во четвртокот и петокот, така попладнево се чека за излез од Грција.
Како што свеодчат граѓани на социјалните мрежи во влез во Македонија на Евзони се чека и до два часа.
Дополнително, туристи предупредуваат дека како што одминува времето така задржувањето се пролонгира, па оние што планираат да тргнат пододна ги чека вистински хаос на граница.

