Утрински Весник
Македонија

(Видео) Од врели бакнежи до „видете Водовод што прави“  – со што мажите ги почестија жените

(Видео) Од врели бакнежи до „видете Водовод што прави“  – со што мажите ги почестија жените

Врелите бакнежи ги заменуваат традиционалните цвеќиња кои се подаруваат за 8-март. Aнкета на „Макфакс“ покажува дека има мажи на кои им е поважно што работи „Водовод и канализација“ по најавите за поскапување на водата, отколку да се ангажираат околу подарок за Денот на жената.

dobivaj vesti na viber

Има и поединци кои тврдат дека подаруваат преку цела година.

„Еден врел топол бакнеж. 40 години сме заедно и многу ни e убаво. Не добивам подароци само за денешниот ден, затоа сме толку време заедно“, се пофали скопјанка, прашана што добила за Денот на жената.

Друг купувач на Цветниот пазар посочи: „Често купувам цвеќиња, па и без повод“.

На Зелен пазар, имаше мажи на кои не им беше дојдено до цвеќе.

„Не подарок, oдете ‘Водовод’ да видите што прави“, порача скопјанец.

Имаше и жени кои не добиле цвеќе: „Пораките ако се подарок, добив, да, добивам цела година“.

Некои од жените не сакаа да откријат што добиле за 8-март.

Целата анкета во видеото на „Макфакс“.

Можете да прочитате

МНР организира уште една евакуација на македонски државјани од Израел

Со предложените законски измени се укинува Агенцијата за промоција на туризмот

Топлотен бран во Македонија: Од среда температури до 40 степени