Египетското Министерство за старини соопшти дека е формиран комитет за ревизија на реставрацијата на Микериновата ирамида во Гиза по јавниот негодување поради проектот.
Пред една недела, шефот на египетскиот Врховен совет за старини, Мостафа Вазири, објави видео на Фејсбук на кое се гледа како работниците поставуваат гранитни блокови во основата на најниската од трите пирамиди во Гиза.
Видеото предизвика бура од критики од египтолозите, кои изразија страв дека е во тек сеопфатна реконструкција на познатиот споменик, на штета на зачувувањето на неговото историско ткиво.
Обидувајќи се да ја смири дебатата, во земја каде туризмот сочинува 10 отсто од БДП, Министерството објави дека формирало „научен комитет со кој претседава Захи Хавас“, познат египетски археолог, за да го анализира проектот за реконструкција.
Одборот го сочинуваат „експерти за инженерство и археологија“ од Чешка, Германија и САД, како и од Египет. Конечниот извештај на комитетот ќе ги вклучи „неопходните процедури и чекори за координација со (Агенцијата за наследство на ОН) УНЕСКО“.
Ќе се донесе одлука дали проектот ќе продолжи или не“, велат од министерството.
Во подножјето на таа пирамида, како штопишува Гардиден, работата веќе била во тек минатата недела. Во првобитната форма, основата на пирамидата била покриена со гранит, но со текот на времето дел од таа обвивка се изгубила. Реновирањето има за цел да го врати оригиналниот стил на објектот со реконструкција на гранитната основа.
Прашањето за зачувување на наследството во Египет често е во центарот на жестоката дебата. Неодамнешното рушење на делови од историското јадро на Каиро предизвика јавни кампањи против тоа, што е реткост во земја каде што политичката опозиција е главно забранета.