Утрински Весник
Македонија

Видео од несреќата кај Блаце во која загина 17 годишно момче

Wynom 4.png

17-годишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Шуто Оризари-Горно Оризари.

Според информациите од СВР Скопје во несреќата учествувале автобус на ЈСП, автомобил кој бил управуван од 17-годишник од Блаце и уште едно возило „фолксваген голф“, по што возачот го напуштил местото.

Како што соопшти МВР, вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!