Утрински Весник
Македонија

(Видео) „Очекувам колегите да кажат дека не сме ги излажале, ниту измамиле“, Бектеши се правда за концесијата за „Иловица“

(Видео) „Очекувам колегите да кажат дека не сме ги излажале, ниту измамиле“, Бектеши се правда за концесијата за „Иловица“

Министерот за економија, Крешник Бектеши, првин се извини затоа што вчера ја одложил прес-конференцијата, потенцира дека имале дебата со колегите министри, па рече дека никогаш не е ставен кој било во заблуда за време на владините седници кога се зборувало за концесијата на „Иловица“. Образложуваше какви сѐ документи има во неговите фиоки и што е доставено до Владата. Очекува од сите министри да кажат дека тој и Министерството за економија не ги довеле во заблуда.

dobivaj vesti na viber

„Очекувам и другите колеги да потврдат дека Министерството за економија не излажало, ниту измамило некого ниту ставило некого во заблуда. Ние сме доставиле хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 до денеска во предлог-одлуката за спојување и образложение, тоа е доставено до Владата и не се менувало ниту информацијата ниту образложението. Ова е политичка Влада и се носат и политички одлуки“, рече Бектеши.

Потоа рече дека не станува збор за една, туку за две концесии. Посочи како се добивани позитивните мислења во текот на годините, а поврзани со издавање на концесиите.

„Гледам оти јавноста е во заблуда дека се работи за една концесија. Не се работи за една, туку за две концесии“, додаде Бектеши.

Тој во текот на прес-конференцијата во детали образложува за концесиите.

Можете да прочитате

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне