Новиот претседател Сашо Георгиев се обиде да забрани снимање на седницата на Судски совет, откако тој е избран. Тој кажа дека негов предлог е да се исклучат камерите и да се извадат надвор, а во салата да останат само новинарите. На ова реагираше разрешената претседателка Весна Дамева, која кажа дека е изнадена од одлуката и му порача дека не може да ги исклучува камерите. Георгиев во текот на дискусијата, исклучувањето на камерите го правдаше со став заземен на колегиум.
„Колеги само ќе потенцирам дека едногласен договор ни е дека во делот на јавноста ќе биде присутна, но камерите оставаме уште минута до две да го завршат својот прилог во смисла на снимање, а потоа камерите ќе мора да ја напуштат седницата, јавноста останува да биде присутна. Условите ни се такви, не е тоа нетранспарентност, но е потребно за условите за работа“, рече Георгиев.
По ова, реагираше разрешената претседателка Дамева.
„Јас сум изненадена од оваа ваша одлука, затоа што судскиот совет е колективно тело и ова не е дискреционо право да одлучувате вие дали ќе има камери или не и сметам дека ова треба да го одлучуваме заеднички, доколку мнозинството одлучи во ред прифаќам, прифаќам во смисла дека не можам да ја спорам одлуката на мнозинството, но воа е предмет за дискусија и навистина треба да го разгледуваме. Не може вие како претседател да ја исклучите јавноста или камерите или вие за било што да одлучувате самостојно“, вели Дамева.
Георгиев пак побара членовите да се изјаснат за неговиот предлог за исклучување на камерите, но никој освен Дамева не се јави за збор.
„Не ја исклучуваме јавноста немојте да ја доведуваме во заблуда со такви атрибути. Јавноста е тука присутна, но камерите не се јавноста. Тие се придружен дел од настанот. Но за условите на работа, имајќи ги во предвид условите, околностите во кои работиме, доволно е сметам дека да снимаат воведен дел. Но тоа е мој предлог. Ајде да слушнеме колеги какво е вашето видување“, рече Георгиев.
Дамева одново му укажа дека камерите секогаш биле на истото место, секогаш кога се држело седница.
„Поаѓајќи од сето она што се случи во судскиот совет јавноста и камерите треба да ги следат седниците доколку постои заинтересираност. Се плашам дека заинтересираноста кај медиумите ќе спласне бидејќи можеби се разочарани од некои наши постапки. Јас категорично сум против, се додека има интерес да следат, но сепак тоа останува на вас, јас категорично се спротивставувам на ова камерите заради немање услови да бидат исклучени особено што секогаш било исто местото на судскиот совет, секогаш Судскиот совет одржувал седница во оваа зграда“, кажа Дамева.
Георгиев пак, рече ќе останат камерите ако колегите сметаат така.
„Ова е став на колегиум. Мене не ми пречи ако сметате дека условите дозволуваат да работиме пред камерите во дадена ситуација. Јавноста е присутна, новинарите се тука не бегаме од тоа но повторно ќе кажам ова е дискутирано на колегиум и го пренесувам гласот на колегите од колегиум. Тоа е заеднички став“, кажа Георгиев.
Немаше дискусија.
„Ако нема дискусија. Но пак ќе речам, треба концентрација треба да се посветиме на работа, но од друга страна не знам колку дозволуваат условите вака со повеќе камери да работиме“, рече Георгиев.
Тој по реплика на член на Судскиот совет, кој го поддржа, рече дека не е сигурен дека сите колеги биле на колегиумот и чиј бил ставот за исклучување на камерите.
„Ова е заклучок од еве пак ќе речам, не знам дали беа сите присутни, не е едногласен, иако од присутните беше став на сите колеги“, кажа Георгиев.
По ова зборува а и членови на Судски совет. Има пауза