Утрински Весник
Свет

(Видео) Нови поплави во Грција: Евија поплавена – граѓаните на Лариса добија наредба итно да се евакуираат

(Видео) Нови поплави во Грција: Евија поплавена – граѓаните на Лариса добија наредба итно да се евакуираат

Нов бран на лошо време денеска го зафати централниот дел на Грција. Силниот дожд оштети патишта, поплави села и предизвика поројни поплави кои носеа се’ пред себе на островот Евија.

dobivaj vesti na viber

Патиштата беа уништени и претворени во порои, додека количеството кал што се симна од планините и заврши во морето ја промени бојата на водата.

Во селото Ровија отсечени се патиштата и поплавени десетици куќи, додека штетите се големи и во Лимни. Патот од Псахна кон Прокопиј и Мантуди останува затворен. Градоначалникот апелира до жителите да не излегуваат од домовите, пишува „ЕРТ“, пренесе „Блиц.рс“.

Делови во Лариса се евакуираат превентивно поради лошите временски услови, јавува Си-Ен-Ен Грција.

Училиштата во Волос, Грција ќе бидат затворени и утре според одлуката на градоначалникот.

„За 6 часа наврнале 235 милиметри дожд. Штетата е ненадоместлива. Цела ноќ сме на улица и се обидуваме да најдеме решение – изјави градоначалникот на Лимни“, Јоргос Капурниотис.

Претходно беше забранет сообраќај на поширокото подрачје на градот Волос поради развој на опасни временски појави. Војската и општинските екипи ги расчистија патиштата во близина на погодените градови Лимни и Мантуди на северот на островот. Огромни количества вода го поплави селото Ровија. Се излеаја три реки кои минуваат низ селото.

„Ова досега не сме го виделе“, рекол еден жител на тој крај. Куќите се поплавени. Жителите се обидуваат да спасат што можат од своите куќи и имоти. Одроните заедно со стеблата на дрвјата однесоа автомобили и предизвикаа сериозни оштетувања на инфраструктурата, а патиштата беа отсечени.

 

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд