Италија стигна до 3:2 победа над Холандија во мечот за третото место во Лигата на нации, така продолжувајќи ја мизерната серија на новиот селектор на „лалињата“, Роналд Куман.
По драматичниот пораз од Хрватска во продолженијата во полуфиналето, мечот почна катастрофално за Холандија, откако „аѕурите“ стигнаа до брзо 2:0 водство. Федерико Димарко постигна убав гол по само шест минути игра, за во 20. минута, Давиде Фратези да го постигне својот прв репрезентативен гол за 2:0.
Стивен Бергвајн во 68. минута од мечот даде надеж за камбек, но само пет минути подоцна, Федерико Киеза ја врати предноста од два гола разлика. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вут Вегхорст даде гол во 82. минута, но тој беше поништен поради офсајд, пред во 90. минута, Џиџи Вајналдум да постигне гол за 3:2.
По преземањето на Холандија од Луис ван Гал, Куман има само една победа во четири меча со „лалињата“ – 3:0 триумф над аутсајдерот Гибралтар.
Вечерва во 20.45 на „Де кујп“ во Ротердам, во финалето ќе се сретнат Холандија и Шпанија.