Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

(Видео) Номинации за „Ајвор Новело“: Кејт Буш во трка за главната музичка награда

(Видео) Номинации за „Ајвор Новело“: Кејт Буш во трка за главната музичка награда
Img 7972

Running Up That Hill на Кејт Буш може да освои престижна награда за текстописец, 38 години откако беше објавена.

dobivaj vesti na viber

Хитот од 1985 година повторно оживеа минатото лето откако се појави во хит-серијата на „Нетфликс“, Stranger Things.

По експлозијата на „Тик-ток“, оваа моќна песна се најде на првото место на топ листите во Обединетото Кралство, а на Буш ѝ го донесе првиот топ-10 хит во САД.

Сега е во потесниот избор во категоријата „најизведувана песна“ на доделувањето на наградите „Ајвор Новело“, кои слават извонреден текст и композиција.

Песната на Буш ќе се бори со неколку современи хитови, меѓу кои As It Was од Хари Стајлс, Heat Waves од „Глас анималс“ и две песни од Ед Ширан – Bad Habits и Shivers.

Наградата е признание за песна што изминатата година најчесто се пуштала на ТВ и радио и на концерти и диџеи-сетови. Bad Habits на Ширан ја освоија наградата минатата година, а ова е првпат иста песна да биде номинирана во две последователни години.

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)