Утрински Весник
Економија

(Видео) Николова: Успешните економски политики даваат резултат

(Видео) Николова: Успешните економски политики даваат резултат

Ефикасните и одговорни економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, македонската економија и во време на светска криза е развојна и конкурентна. 2023 година ја започнуваме со нова инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона во Штип. Станува збор за компанијата „Магна мехатроникс“ која ќе инвестира 40 милиони евра, а во чија фабрика ќе се вработат околу 600 луѓе, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека оваа компанија веќе има една фабрика во Струга, а проширувањето на нејзините капацитети е показател за исправноста и успешноста на економските политики на СДСМ.

Благодарение на таквите политики, само минатата година во ТИР зоните во државата се инвестирани 430 милиони евра и се отворени 2.300 нови и добро платени работни места.

Николова истакна дека минатата 2022 година, бележиме рекордно највисоко ниво на извозот од ТИР зоните од 3,7 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе отколку во 2021 година. Сето ова е показател за ефектот на странските директни инвестиции врз домашното стопанство, но и доказ за конкурентноста на македонската економија.

Преку економските политики и во најкризната година во Европа по Втората светска војна, успеавме да ја задржиме економската стабилност, да поддржиме отворање на нови работни места, но и да ја зголемиме минималната, како и платите во многу сектори.

Продолжуваме со одговорен, домаќински пристап во економијата, 2023та ќе биде година на економски пресврт, изјави Николова.

Можете да прочитате

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“

Дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата, оди на усвојување во Собранието