Утрински Весник
Економија

(Видео) Николова: Нова инвестиција од 126 милиони евра и нови работни места

(Видео) Николова: Нова инвестиција од 126 милиони евра и нови работни места

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот ДИмитар Ковачевски даваат резултати. И во време на светска економска и енергетска криа, македонската економија е конкурентна и атрактивна за големи странски инвестиции, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа наведе дека се отвора нова фабрика во Технолошката индустриско развојна зона Скопје 2, станува збор за германската компанија „Гересхајмер“, глобален партнер на фармацевтската индустрија. Инвестицијата е во вредност од над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на технолошко-индустриските развојни зони, како и најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата.

Предвидено е отворање на над 180 нови работни места, со просечна плата далеку над државниот просек,рече Николова.

Како што истакна Николова, благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата во привлекување странски инвестиции, годината зад нас е најдобрата година од постоењето на ТИР зоните, во која е остварен највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра.

Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16.400 што е за 16 проценти повисок од јануари 2022.

Сето ова е дополнителен мотив за нас, да продолжиме со реализација на потребните реформи, на мерките и политиките што обезбедуваат нови инвестиции, добро платени работни места и економски раст, изјави Николова.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk