Утрински Весник
Свет

(Видео) Невремето ја опустоши Словенија – се уриваат мостови и патишта, спасени се деца од градинка, порасна бројот на жртви

(Видео) Невремето ја опустоши Словенија – се уриваат мостови и патишта, спасени се деца од градинка, порасна бројот на жртви

Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави словенечката новинска агенција СТА.

dobivaj vesti na viber

Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во областа Крање.

Околностите на смртта сѐ уште се утврдуваат, соопштија за агенцијата од полицијата.

„Се чини дека смртта во Камник е последица на поплави, а на планините е предизвикана од удар на гром. Околностите на смртта сѐ уште се утврдуваат“, изјави Маја Адлешич Циперле од полицијата.

Рекордните врнежи од дожд, кои главно предизвикаа поплави во северниот дел на Словенија, не се завршени, предупреди метеорологот Бране Грегорчич од словенечката Агенција за животна средина (Арсо).

„Најголем дел од најсилните врнежи ќе се движи кон југоисток од земјата, а потоа кон североисток на границата со Хрватска. Времето си го направи своето“, рече Грегорчиќ на прес-конференцијата.

Според него, количината врнежи што паднала во 12 часот била поголема од најверојатните сценарија, на места наврнале и околу 200 милиметри врнежи на квадратен метар.

Се очекуваат и поплави на реките Крка, Сава, Драва и Дравиња, изјави хидрологот Јанез Полајнар.

Невреме ја опустоши и Љубљана. Сирени се огласија во некои делови од градот. Интервенциите се во тек во градското подрачје, сите расположливи сили на противпожарната служба се на терен.

Ситуацијата е најтешка во Корушка, понекогаш дури и хаотична, изјави командантот на провинциската цивилна заштита, Алан Матијевич, за СТА. Надојдената Мислиња го урна мостот на главниот пат Дравоград – Словењ Градец во Отишки Врв, непроодни се и неколку други патишта, многу области се поплавени, а на места нема вода за пиење и сигнал од мобилен телефон.

„Состојбата не се подобрува, сѐ уште е вонредна, имаме огромен број подрачја под вода, патиштата се отсечени и поплавени, мостовите пропаднати“, рече Матијевич.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

Во моментот се активирани околу 250 припадници на словенечката армија.

Доброволната противпожарна бригада од градот Менгеш во централна Словенија, северно од Љубљана, објави драматични фотографии од спасувањето на децата од градинката во Гобица.

„Ги известуваме родителите дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца во објектот Сончек“, напишаа на социјалната мрежа.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет