Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нервоза, +40 степени, повеќе од час чекање – не престануваат гужвите на границата со Грција

(Видео) Нервоза, +40 степени, повеќе од час чекање – не престануваат гужвите на границата со Грција

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека еден час заза да се помине границата и да се влезе во Македонија. Додека за излез, возачите сведочат дека чекаат и повеќе.

dobivaj vesti na viber

Најголем дел од автомобилите на граничниот премин „Богородица“ кои чекаат да поминат граница се со македонски и српски туристи. Чекањето во место предизвикува нервоза кај патниците. Тие посочуваат дека оваа слика се повторува од година во година – а решение нема. Сметаат дека е нехумано да седат во возилата толку долго време, на +40 степени.

Според АМСМ, задржување има и на граничниот премин Табановце за излез од Македонија, каде се чека еден час.

Можете да прочитате

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Викендов повторно над 40 степени, во недела (6 јули) локално силно невреме