Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Наставничка ги охрабрувала учениците да му удрираат шамари на ученик кој бил муслиман во Индија

(Видео) Наставничка ги охрабрувала учениците да му удрираат шамари на ученик кој бил муслиман во Индија
Img 7972

Полицијата во Индија истражува наставничка откако видеото на кое ги охрабрува учениците да му удираат шлаканици на нивен седумгодишен соученик, кој бил муслиман, стана вирално, според медиумите во регионот. Ова видео предизвикало бес негодување во земјата.

dobivaj vesti na viber

На видеото од инцидентот, кој се случил во областа Музафарнагар во северната држава Утар Прадеш, се гледа како момчето исплашено стои пред своите соученици додека наставничката ги повикува учениците да му удрат шамар, пренесуваат локалните медиуми.

Момчето плаче додека неговите соученици наизменично му удираат шлаканици, а наставничката им вели на учениците да го направат тоа „на вистински начин“, стои во написите.

Шефот на полицијата во Музафарнагар, Сатјанарајан Праџапат, изјавил дека наставничката им кажала на учениците да му удрат шамар на момчето „бидејќи не се сеќава на табелата за множење“. Шефот потврди дека наставничката ја спомнала и религијата на момчето.

Во тек е истрага, но наставничката не е официјално обвинета, пренесуваат медиумите. Инцидентот предизвикал широк гнев и немири во Индија од 1,4 милијарди луѓе, каде што хинду националистичката политика на владејачката партија Бхаратија Џаната (БЈП) ги продлабочи тензиите во заедницата во земјата и создаде, како што велат групите за права и владините критичари, атмосфера на страв и отуѓување меѓу малцинските групи, пишува CNN.

Истакнатиот опозициски политичар Рахул Ганди ја обвини наставничката дека „сее отров на дискриминација во главите на невините деца“.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож