Утрински Весник
Македонија

Видео: Нападот на Штекли беше најавен преку видео објавено на „Тик-Ток“

2 Gorsel Galerisi 5.jpg

Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност, бидејќи го повреди Раде Трајковски – Штекли, кој беше пренесен во болница. Овој напад, кој се случи во близина на „Ист Гејт“, беше најавен преку видео објавено на „Тик-Ток“, а во кое беа споменати и претходните напади врз Трајковски.

Во видеото се слуша глас кој најавува: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“. Нападот ја активираше јавноста, но, како и во претходните случаи, полицијата не успеа да интервенира навреме.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, реагираше по инцидентот, истакнувајќи дека иако нападот бил озбилен, не се стекнаа животно загрозувачки последици. „Добро е што немаме жртви во овој кривично-правен настан, и ситуацијата со повредениот не е животно загрозувачка“, рече Тошковски.

Сепак, нападот уште еднаш ја отвора дилемата за ефикасноста на полицијата и борбата против бандитски структури кои го тероризираат главниот град.

Можете да прочитате

Во затворската ќелија на Нино Васев биле најдени три мобилни телефони

Мицковски за пожарите во Дрисла фрли сомнеж врз ДУИ

ДОМ со поддршка за петицијата на О2: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за Дрисла