Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Напаѓачи пукаа во толпа во Чикаго, најмалку 14 луѓе се повредени

(Видео) Напаѓачи пукаа во толпа во Чикаго, најмалку 14 луѓе се повредени
300x250 opst2

Најмалку 14 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, пишува Fox News.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата на прес-конференцијата потврдија дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни.

Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека камерите снимиле најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата на бдеење, пренесува американскиот медиум.

Нападот траел само неколку секунди, а пукачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот се уште е нејасен.

Настраданите се пренесени во неколку болници, засега нема информации за смртен исход. Браун рече дека некои луѓе се во критична состојба.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите