Курдски активисти, левичарски политичари и антирасистички групи протестираа денеска во Париз поради убиството на три лица во близина на курдскиот културен центар.
Убиството се случи во главниот град на Франција, а осомничениот напаѓач е ранет и се наоѓа во притвор.
🔴 Premières tensions en cours au rassemblement kurde près de la place de la République à Paris pic.twitter.com/m8772SQZ8F
— Tom (@tomcwz_) December 24, 2022
Станува збор за 69-годишен француски државјанин, кој беше обвинет за напад врз мигранти минатата година, но овој месец беше ослободен од обвиненијата. Тој се соочува со обвиненија за убиство и обид за убиство од расистички мотив, соопшти денеска париското обвинителство.
Илјадници луѓе се собраа денеска на Плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз, под знамињата на курдските групи за човекови права, политичките партии и други.
Собирот беше главно мирен, но некои млади момчиња фрлаа предмети и се судрија со полицијата која употреби солзавец.
ALERTE – La manifestation kurde dégénère complètement près de la place de la République à Paris. D’importantes dégradations sont en cours, des barricades s’érigent, des voitures sont retournées et incendiées.pic.twitter.com/86zsWdNbHJ
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) December 24, 2022
Нападот ја потресе курдската заедница во француската престолнина и ја стави полицијата во посебна готовност за божиќниот викенд.
Присутните бараа нападот да се третира како терористички чин.