Утрински Весник
Свет

(Видео) Најлошата бура досега ја погоди Холандија, нарушен воздушниот и железничкиот транспорт

(Видео) Најлошата бура досега ја погоди Холандија, нарушен воздушниот и железничкиот транспорт

На жителите во поголемиот дел од Холандија им беше кажано да останат во затворени простории бидејќи ретка летна бура го погоди холандскиот брег утринава предизвикувајќи ветрови со брзина до 145 километри на час нарушувајќи го воздушниот и железничкиот транспорт. Националниот метеоролошки институт издаде највисоко ниво на предупредување до жителите на провинцијата Норд-Холандија, која го опфаќа Амстердам, апелирајќи да останат дома и да повикаат брза помош во ситуации опасни за животот.

dobivaj vesti na viber

Бурата, наречена Поли, е најлошата досега во Холандија во текот на летните месеци и најсилна од јануари 2018 година, објави метеоролошката агенција Weeronline. Силните бури во Холандија обично се случуваат помеѓу октомври и април. Последната голема летна бура во земјата беше во 2015 година и беше прва по повеќе од еден век.

Локалната телевизија „АТ 5“ јави дека две лица се повредени во Амстердам кога дрвја паднале врз нивните автомобили. Градскиот аеродром „Шипхол“, еден од најпрометните центри во Европа, откажа повеќе од 300 лета, рече портпаролот, а сообраќајот се очекува да биде ограничен најмалку до 15 часот по локално време (13 часот по Гринич).

Железничките оператори НС и „Арива“ ги прекинаа сите услуги на северот од земјата, а автопатот северно од Амстердам беше затворен поради паднати дрвја. Невремето претпладне ќе се движи кон исток низ северот од земјата, а попладне се очекува да слабее.

Можете да прочитате

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната