Моето име е Крег, Даниел Крег – ова е изјава за која треба многу да се каже имајќи предвид колку култна работа има направено овој актер во улогата на Џејмс Бонд.
Ѕвездата со најдолг стаж од 15 години како 007 во четвртокот го прослави својот 55. роденден.
Почнувајќи со „Казино Ројал“, луѓето не беа сигурни дали Крег ќе биде добар Бонд. Сепак филмот излезе и ги замолкна сите со тоа што испорача една од најдобрите изведби на ликот, филм кој целосно го освежи серијалот во модерно доба.
Крег го толкуваше британскиот таен агент 007 во последните пет „Бонд“ филмови – „Казино Ројал“ (2006 година), „Tрошка надеж“ (2008), „Операција Скајфол“ (2012), „Спектра“ (2015) и последниот „Не е време за умирање“ од 2021 година. Во улога на 007, тој се појави и до кралицата во кусо видео на отворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.
Крег петти и последен пат се појавува како 007 во „Не е време за умирање“. Тој го надмина рекордот на починатиот сер Роџер Мур како најдолговечен Бонд, со најдолг стаж од 15 години во смокингот.
За да го одбележат неговиот роденден, светските шоубиз медиуми објавија трејлери од петте негови филмови како Бонд, со пофалби за неговата посветеност кон култната сага.