Утрински Весник
Македонија

(Видео најава) Маричиќ за „Реално“: Следниот парламентарен состав ќе има тешки задачи

Realnoivanovmarichi .jpg

Сега е моментот да ги завршиме уставните измени. Наредниот пат не знаеме која ќе биде цената на уставните измени, вели во интервју за 24инфо.мк, вицепремиерот Маричиќ. Дали ќе биде кандидат за пратеник во првата изборна едница? Зошто пропадна заедничкиот европскиот фронт со ДУИ? Анкетите на ВМРО ДПМНЕ се нереални, резулатот на изборите ќе биде изненадувачки во наша корист.    

На прашањето дали ако не поминат уставните измени е загрозен опстанокот на Македонија, Маричиќ вели дека во една ваква ситуација загрозена е нашата индина доколку преовлада концептот на ВМРО ДПМНЕ, загрозен е нашиот европски пат, а тоа неминовно ќе донесе и ќе отвори многу прашања внатре на политичката сцена…

Дали Маричиќ е на позицијата број 3 во првата изборна единица за кандидат за пратеник, „Ја прифатив со задоволство кандидатурата од мојата месна организација за кандидат за пратеник, но ќе видиме на конгресот. Мислам дека е логично да бидам во првата изборна едница“, додаде Маричиќ.   

Следниот парламент ќе има многу тешки задачи. Ќе има тешка задача да се формира нова влада, тешка задача да го продолжи еврпскиот пат со уставните измени. Ќе биде неопходно во наредниот период да разговараме за уставните измени. ЕУ не била секогаш праведна со нас, но ние терајќи ги правдините во минатото, многу често ги пропуштавме шансите кои ни се пружаа. Времето не работи за нас.  

Гледајте Реално со Мишко Иванов на 24инфо.мк, секој работен ден од 09 часот. 

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара