Утрински Весник
Македонија

(Видео) МВР: 98 товарни возила упатени на вонреден технички преглед

(Видео) МВР: 98 товарни возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

dobivaj vesti na viber

При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило и тоа: 19 за техничка неисправност на уредот за запирање, три за претовар, 10 за неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди.

При контролата санкционирани се и 121 останат прекршок. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Македонија е земја во која не би се вратила вели најмладата патничка во трка за Гинис

21 кандидат се борат за позицијата судија во Стразбур – меѓу нив и Ленче Ристовска и Оља Ристова

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид времено е прекинато одржување на настани