Утрински Весник
Свет

(Видео) Момче било извлечено од под урнатините два часа откако го сними своето проштално видео

(Видео) Момче било извлечено од под урнатините два часа откако го сними своето проштално видео

Таха Ердем (17) од Адијаман беше извлечен од урнатините два часа откако го објави своето проштално видео на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Младиот човек, кој беше затрупан под урнатините по разорниот земјотрес што ја погоди Турција на 6 февруари, беше убеден дека спасувачите нема да можат да го спасат.

Затоа снимил видео, за да се збогува со своите најблиски.

Само два часа подоцна, неговите роднини успеале да дојдат до него и да го извлечат на безбедно.

Таха беше затрупан во зградата Зумрут, каде загинаа 47 лица. Кобното утро тинејџерот го разбудил земјотрес и се обидел да побегне, но вратата паднала врз него.

Од силината на ударот Таха изгубил свест.

Кога дошол при свест, слушнал како соседите викаат за помош, но не можел да види никого, бидејќи бил затрупан.

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота