Еден момент од венчавката на Италијанецот Карло Бруно и Американката Сара Молика стана вирален на социјалните мрежи.
Имено, младоженецот требало да ги повтори зборовите на свештеникот изговарајќи ги своите завети на англиски јазик, кој сè уште го нема совладано целосно.
Сè било во ред додека не стигнале до моментот кога требало да каже дека ја зема Карла за своја законска (анг. lawful) сопруга. Италијанецот, наместо тоа, рекол: For my waffle wife, односно во превод: „За моја вафла сопруга“, на што невестата почнала гласно да се смее и целата церемонија стана хит откога беше споделена на социјалните мрежи.
@carloandsarahI take an a waffle for my wife😭♬ original sound – carloandsarah
Карло и Сара објавија видео на својот заеднички профил на „Тик-ток“ со опис: „Земам вафла за жена“, а видеото собра 27,3 милиони прегледи и 4,7 милиони лајка.
„Ова е најсмешно нешто досега“, напиша еден тиктокер, а друг коментираше: „Ова изгледа како сцена од The Office“.
„Нека вашите вафла-животи се исполнети со среќа“, им посакаа повеќемина. „На крајот на краиштата, кој не сака вафли?“