Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Нов криминал тежок над 2 милиони евра на ДУИ и СДС за косење трева и дрвја на патен појас

(Видео) Митева: Нов криминал тежок над 2 милиони евра на ДУИ и СДС за косење трева и дрвја на патен појас

На милионите испумпани пари од буџетот на државата за успешно да владее криминалот и корупцијата на ДУИ и СДС им нема крај! Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ Ејуп Рустеми склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од над 2 милиони евра“ обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

Таа го презентираше договорот за кој рече дека основна цел е „косење на трева, плевел, грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патен појас, чистење и собирање на смет во времетраење од 2 години, за потребите на ЈП Државни патишта“.

Согласно техничката спецификација договорот е 2 милиони и 400 илјади евра.

„Додека од еден министер за образование кои исто така е од редовите на ДУИ слушаме дека власта нема пари да обезбеди учебници, друг директор исто од редовите на ДУИ има пари и троши над 2 милиони евра за косење на трева и сечење на дрва на патен појас. Како власта на ДУИ и СДС која нема никакви резултати во патната инфраструктура, ниту еден километар нов автопат, одлучува дека баш сега е најповолно време за уредување на патниот појас? На ова прашање почитувани, одговорот е веќе јасен – очигледно е дека ДУИ и СДС ќе најдат начин за криминал и во најситните и можеби не приоритетни дејности во моментот само за задоволување на своите бизнис интереси“ прашува Митева.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика