Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење, Ковачевски требаше да ја изготви оставката

(Видео) Митева: Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење, Ковачевски требаше да ја изготви оставката

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски, истакна на прес-конференција Марија Митева портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите. Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот. Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза“, прашува Митева.

Главното прашање, како што вели, е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи.

„Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност“, потенцира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ