Утрински Весник
Економија

(Видео) Митева: Економски колапс, висока инфлација и пораст на цените е политиката на СДС и ДУИ

(Видео) Митева: Економски колапс, висока инфлација и пораст на цените е политиката на СДС и ДУИ

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на прес конференција рече дека во Македонија се профитира на грбот на граѓаните, а власта нема никаков план иако е директно одговорна да го спречи или во најмала рака да го ублажи порастот на цените.

dobivaj vesti na viber

„Токму оваа власт на СДС и ДУИ до пред некое време имаа т.н алиби дека сето ова се случува поради надворешните фактори односно заради порастот на цените на струјата, на гасот, на нафтата и на репроматеријалите. И тогаш лажеа, но денес кога економските прилики покажуваат дека цените вештачки се зголемуваат повторно недостига улогата на државата која има обврска да го спречи ваквиот ценовен шок. И ако сакаат, ако умеат и знаат тоа можат и треба да го сторат веднаш“, вели Митева.

Смета дека СДСМ и ДУИ профитираат и се богатат, а цехот го плаќаат граѓаните.

„Но, сепак прстот го вперуваат на сите други економски чинители само не во нив. Денес виновни се трговците, претходно виновни беа производителите, па едно време ги обвинија и граѓаните дека креираат паника. А напротив, токму власта на СДС и ДУИ е единствениот виновник за економската состојба во Македонија. Нема никаква помош од државата, нема покачување на платите, нема намалување на инфлацијата, но затоа секојдневно имаме власт која е заглавена во криминал и корупција. Ова мора да запре, единственото решение се избори за подобра иднина и промени!“, изјави таа.

Можете да прочитате

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за поголеми плати на работниците

Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка

Намалување на цените на горивата