Утрински Весник
Македонија

(Видео) Милошоски не знае дали ја добил платата со 78% покачување: Ќе проверам и ќе ви кажам

(Видео) Милошоски не знае дали ја добил платата со 78% покачување: Ќе проверам и ќе ви кажам

Пратеникот Антонијо Милошоски не знае дали веќе му стигнала на сметката априлската плата повисока за 78 %. На денешната прес-конференција прво избегна да одговори и зборуваше дека ќе го поддржи законот на опозицијата за системско решение за платите на функциониерите, а кога вторпат беше прашан дали ја добил покачената плата, најави дека допрва ќе извести.

dobivaj vesti na viber

„Ќе проверам и ќе ви кажам“, кусо рече пратеникот Милошоски.

Тој уште еднаш на денешната прес-конференција детално објасни дека власта може да смета на нивна поддршка доколку предложи намалување на коефициентите за пресметка на платите со најавеното системско решение.

„Ќе дадеме можност на власта. Она што го најавуваат како системски закон што поскоро апелираме да стигне во Собрание и опозицијата ќе даде поддршка. Ние имаме политичка волја системското решение кое би се однесувало на намалување на коефициенти да го поддржиме“, рече пратеникот Милошоски.

Објасни дека тие како опозиција нема да иницираат измени во Собранието оти сите нивни предлози се отфрлаат, а потсети и дека уште пред платите на функционерите да се покачат тие поднеле предлог-закон за укинување на 40 заменик-директорски места кои си ги изгласале СДСМ и ДУИ, а биле непотребни, но предлогот не стигнал ниту на дневен ред.

Можете да прочитате

Муцунски: Вистинската сила на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи

Петрушевски: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права 

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји