Утрински Весник
Спорт

(Видео) Милан со победа на втората етапа на Џиро Д’Италија

(Видео) Милан со победа на втората етапа на Џиро Д’Италија

Италијанскиот дебитант Џонатан Милан е победник на втората етапа на Џиро Д’Италија, откако беше најбрз во спринтерскиот финиш по 202 километри од Терамо во Сан Салво во регионот Абруцо во јужна Италија.

dobivaj vesti na viber

22-годишниот, 194 сантиметри висок италијански велоспедист на тимот на Бахреин-Викториус успеа да го победи Холанѓанецот Давид Декер (Аркеа-Смсик) и Австралиецот Кејден Гроувс (Алпесин-Деусенинк), откако на 3.7 километри пред финишот главните фаворити, вклучувајќи го и Британецот Марк Кевендиш имаа голем судир.

Во генерален пласман, лидер останува Белгиецот Ремко Евенепел, победникот на вчерашната прва етапа.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина