Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Во Гевгелија ќе се гради капиталниот проект Западен булевар од 85 милиони денари

(Видео) Мицкоски: Во Гевгелија ќе се гради капиталниот проект Западен булевар од 85 милиони денари

Промените во Гевгелија веќе се чувствуваат. Гевгелија покажа како се работи. И покрај наталожените проблеми, заборавените потреби на граѓаните и предизвиците во кои што ја втурнаа цела држава, покажавме дека со чесност и посветеност може да се решат многу проблеми, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Гевгелија добива нова атмосферска канализација во градот во должина од 6.500 метри, Негорци и Прдцејци добиваат нов водоснабдителен систем, реализирани се две нови мултифункционални спортски игралишта за младите и Младински дом во Прдејци, истакна тој.

Сарамандов додаде дека во новата година се влегува со уште поголем ентузијазам и желба за надминување на заедничките проблеми.

„ Годинава заедно го креиравме буџетот, а со него бараме начин за исполнување на најголемото барање на младите гевгеличани, градски паркови со урбана опрема. Годинава започнуваме и со изградба на Западен булевар во Гевгелија, доизградба на градинката „Сончогледи“ за што ќе бидат издвоени 11 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија, а 24 милиони денари се планирани за реконструкција на Младинските домови во Моин и во Богородица, буџет и за нов пазар во Миравци. Во тек на реализација е и стационарот за бездомните животни и верувајте тука нема да застанеме, рече Сарамандов.

Мицкоски потенцираше дека Сарамандов и неговиот тим годинава ја оправдаа довербата на гевгеличани, се вложија себе си за Гевгелија да ги доживее промените.

„ Со задоволство присуствував на отворањето на Младинскиот дом. Оваа година верувам дека посветено ќе го исполни дадениот збор, а тоа е почеток на изградба на Западниот булевар. огромен капитален проект чии што две фази чинат 85 милиони денари. И тука знам дека нема да застане бидејќи Гевгелија заслужува, граѓаните мора да се чувствуваат достоинствени и горди на својот град. Тоа ја враќа вербата дека може и мора поинаку, дека зборот во Македонија вреди и дека со чесност и посветеност ништо не може да ги спречи Промените на дело, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти, велат од СДСМ

Од утре облачно време и локални врнежи од дожд

Вработените во железница излегоа на протест