Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

(Видео) Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино за поскапа цена

(Видео) Мицкоски: Сомнително е зошто нема производство на евтина струја во Осломеј и Битола туку  се произведува во ТЕЦ Неготино за поскапа цена
300x250 opst2

„Минатата година на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата префрли повеќе од двесте милиони евра за тековното работење. Кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ оставив милијарда и пол денари депозити во банките и околу триста и шеесет милиони на сметката на тогашното АД ЕЛЕМ и нула долгови со редовно исплатени плати, к-15, ремонти итн.“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе.

dobivaj vesti na viber

Додаде дека пет години потоа државата на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата му плаќа двесте милиони евра за да може да работи

„Сомнително е денеска зошто не се произведува евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут кој е најмалку за три пати поскапа цената произведена од таа што би се произведувала евентуално во Битола. Зошто блоковите во Осломеј и Битола се на 40,50,60% од инсталираниот капацитет а во Неготино се троши мазут кој се плаќа 3,4,5 пати повисока цена“, изјави Мицкоски.

Мицкоски е дециден дека брзо ќе се добие одговор кога низ една истрага ќе може да се дојде до вистината како се крадел народот во Македонија во изминатите пет и пол – шест години.

Можете да прочитате

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак