Македонија не е само во енергетска, туку и во економска криза. Инфлацијата е двоцифрена, сиромаштијата галопира, додека стандардот опаѓа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓаните на другите држави во регионот. Далеку поевтина струја од граѓаните во Македонија плаќаат граѓаните во Србија, БиХ, Турција, Косово, Црна Гора. Предлага нов пакет на мерки.
Вишоците кои што ги произведува поранешно ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ на струја кои што се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството по цена која што е производна за поранешна АД ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ. Според калкулациите на ВМРО-ДПМНЕ, таа цена нема да надмине вредност од 80 евра за мегават на час. А, периодот на апликација на оваа мерка да биде од први ноември 2022 година и се до крајот на кризната состојба, 30-ти април 2023 година. А, потоа ќе се продолжува во зависност од новата реагулација на состојбата која што се случува и во Македонија, но и во Европа.Значи вишоците произведени од поранешна АД ЕЛЕМ, денешно АД ЕСМ кои што на струја, кои што не би требало да надминуваат цена поголема од 80 евра за мегават на час да бидат ставени на користење на стопанството во следните шест месеци почнувајќи од први ноември 2022 година, според нашите пресметки станува збор за од прилика 200 до 250 илјади мегават часови. Доколку не биде исполнето она најоптимистичкото сценарио на Владата односно само средното сценарио да биде исполнето. Станува збор за 200 до 250 илјади мегават часови, појасни Мицкоски.
„Втор предлог, секоја компанија која ќе плати цена на струја која е над цената на регулираниот пазар на електрична енергија, на струја, кој што е пропишан од страна на Регулаторната комисија за енергетика тарифникот и таа изнесува од прилика просечната 200 евра за мегават час, секоја цена над таа која што ќе ја платат компаниите половина од разликата да ја преземе државата. Според нашите калкулации и според мерките кои што и според првата мерка која што ја предлагаме станува збор за од прилика 50-тина милиони евра помош за стопанството да ги зачуваме работните места, да продолжиме да произведуваме, да го задржиме извозот за да не ни се случи затворање на компаниите и буквално егзодус на квалификувана работна сила. Секоја цена на мегават час која што компаниите ќе ја платата, а ќе биде повисока од регулираната според тарифникот за мали потрошувачи на РКЕ половина од трошоците да ги плати владата во вид на субвенција.
Предвидуваме Викенд без ДДВ за основните прехранбени производи, за да можат да се снабдат граѓаните по пониска цена за да не удираме со ДДВ врз стандардот на граѓаните. Ова го велиме затоа што самата влада се пофали дека има зголемена наплата на ДДВ и тоа се должи само поради една причина. Не затоа што имаме поголема активност во економијата, не затоа што има поголема фискална дисциплина, само заради едно, поради екстремно високата инфлација. Затоа предлагаме Викенд без ДДВ на основните прехранбени производи.
Предлагаме интервенција во Законот за личен доход и таа иницијатива ќе ја поднесеме во Собранието, во текот на оваа или следната недела, со кој што ќе се одложи скалестото оданочување. Тоа ќе почне да важи од 01.01.2023 година, и директно ќе удри на стандардот на граѓаните, а ќе влијае и врз финансиската ликвидност на компаниите. Затоа ние во рамките на Парламентот ќе поднесеме инцијатива за повторно одложување на примената на овој закон, а тоа е Законот за личен доход, односно да бидам попрецизен, скалестото оданочување да се одложи за уште една година, односно до 31.12.2023 година.
Петто, дестерилизираат на благајничките записи во Народната банка. Таму цениме дека има помеѓу 150 и 160 милиони денари пари од банките од фондовите кои што се наоѓаат запишани во благајничките записи. Да се дестерилизираат со намалена емисија на благајнички записи и тие пари да се вратат назад кај банките, а потоа банките тие пари да ги пласираат до стопанството, односно да ги стават на располагање на стопанството со што ќе ја помогнат ликвидноста на компаниите, а работните места ќе бидат сочувани.
Ова се пет мерки кои што значат директно ублажување на последиците врз стандардот на граѓаните, спас на работни места и поддршка на компаниите да продолжат нормално да работат за да можат да вработуваат наши граѓани, луѓе кои преку работата во тие компании ќе ги прехрануваат своите семејства“, потенцира Мицкоски.
Според него Владата ниту делува брзо, ниту делува одлучно во кризи.
Сега порачува Мицкоски, не е време за бркање на политички поени или суети, време е за делување.