Ќе ми дозволите да го честитам овој голем македонски празник, голем македонски ден а тоа е почетокот на борбата на македонскиот народ за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна. Многу значај овде во Прилеп, бидејќи токму од тука од Прилеп е започната таа борба на ослободување која што денес практично ја донесе оваа независна, суверена македонска држава во срцето на Балканот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„ Не треба на тоа да гледаме онака како власта што не тера да гледаме, туку треба да гледаме онака како што е вистината, а вистината е дека за време на Втората светска војна бугарските фашисти извршиле злостор на територијата на денешна Македонија, а македонскиот народ се обединил и го поразил тој злостор и македонскиот народ веднаш после Втората светска војна бил на вистинската страна на историјата. Така е и денеска, така ќе биде и во иднина. Ќе се бориме против фашистите, а Македонија била и ќе остане антифашистичка држава.
Инаку од она што покрај вас сакам да го прокоменитрам е фактот што го кажа и градоначалникот дека еве овој проект капитален овдека во центарот на Прилеп практично завршува. Бевме и на цевководот на Пашовски ливади кој ќе обезбеди 10-15% дополнителни количини на питка вода бидејќи немаше општината доволно проекти изминатиот период се проектираше и работеше.
Напролет почнува градежна офанзива со повеќе од 40-тина улици во прилепската општина исто така и проектот кој е значаен и капитален а тоа е влезот од Крушево, Кривогаштани е предаден во министерството за транспорт и врски и очекуваме министерството за транспорт и врски конечно да ја заврши процедурата и да отпочне со реализација на тој проект. Во фаза на подготовка се уште 2 други проекти, познатата обиколница Сивец, да не доаѓаат тешките камиони овдека во Прилеп туку да го заобиколуваат Прилеп исто така и влезот од кај Македонски Брод исто така е во фаза на подготовка. Потоа геолошките истраги за новата катна гаража во центарот на Прилеп.
Така што од состојба на многу проблеми и нула проекти наеднаш ќе имаме многу проекти и веќе оваа пролет започнуваме сето она кое е ветено во програмата на градоначалникот она кое што го ветувавме како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да го реализираме и испорачуваме на прилепчани“ порача Мицкоски.