Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Медицинарите од Драчево казнети оти гласно го слушале Ефто Пупиноски

(Видео) Медицинарите од Драчево казнети оти гласно го слушале Ефто Пупиноски
300x250 opst2

Снимка со медицинарите во Здравствениот дом во Драчево се појави на социјалните мрежи откога беа фатени дека слушаат гласна музика.

dobivaj vesti na viber

На видеото може да се забележи дека во ходниците ечи песна од македонскиот пејач Ефто Пупиноски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Makfax (@makfax.mk)

Новиот директор на Здравствениот дом – Скопје, Вулнет Селими, најави санкции поради пуштање прегласна музика во поликлиниката во Драчево.

„По објавувањето видеоснимка од внатрешноста на поликлиниката во Драчево, на која се слушаа песни на исклучително висок тон, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку часа ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток оправдувајќи ја по повод пензионирањето вработен во поликлиниката“, напиша Селими на „Фејсбук“, а што и според него е над нормалното.

Можете да прочитате

ДСР: Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

ДСР: Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка, најмногу дожд во Крушево