Утрински Весник
Магазин

(Видео) Мечка влезе во двор во Калифорнија и се искапе во базен

(Видео) Мечка влезе во двор во Калифорнија и се искапе во базен

Црна мечка се капела во базен во дворот на куќа во Калифорнија, а целиот настан го снимиле полицајци кои се одзвале на повикот на сопственикот.

dobivaj vesti na viber

Екстремните горештини зафатија делови од САД, вклучително и Калифорнија.

Полициската управа во Бурбенк објави видео на социјалните мрежи од мечката како прска наоколу и бега од топлината, пред да се качи на дрво.

Коментарите под видеото ја фалат снаодливоста на животното бидејќи успеала да најде идеално решение за неверојатните горештини.

„Таа сигурно знае како да се олади“, „Можете ли да ја обвините? Доволно е паметна да се снајде“, „Мило ми е што најде место за капење“, „Не можела да ја поднесе топлината“, се само некои од коментарите од корисниците на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња