Утрински Весник
Македонија

(Видео) Маж краде цвеќиња засадени на јавна површина во Тетово

(Видео) Маж краде цвеќиња засадени на јавна површина во Тетово

Општина Тетово на профилот на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како човек краде засадените цвеќиња со кои е оформено името на градот.

dobivaj vesti na viber

„Изминативе денови се забележани неодговорни лица како оштетуваат јавен имот на улиците на градот Тетово. Конкретно, за време на викендот на главната сообраќајница на излезот од градот кон Скопје, едно лице го украло цвеќето кое беше засадено во овој дел, расипувајќи ја глетката на влезот од градот. Општина Тетово апелира до сите граѓани да се грижат за јавниот имот и да го чуваат, бидејќи тој е на граѓаните“, соопштија од Општина Тетово.

Од Општината потенцираат дека сите лица кои ќе оштетат јавен имот ќе бидат пријавени и против нив ќе бидат преземени мерки.

Можете да прочитате

Левица: ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше за криминал и злоупотреби во ЈП „Градски паркинг” – Орце сега повторно го назначи за директор

Георгиев до ЈО: Барам да ми се врати мобилниот телефон, цело време го плаќам и чист е!

Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК