Утрински Весник
Свет

(Видео) Масовен погреб во Киев; Зеленски: Почина Да Винчи, херојот на Украина

(Видео) Масовен погреб во Киев; Зеленски: Почина Да Винчи, херојот на Украина

Во Киев денес беше организиран масовен погреб на Дмитро Коцјубаило, познат и како Да Винчи, кој загина во битката во Бахмут.

dobivaj vesti na viber

На улиците има илјадници луѓе, а на погребот дојде и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

„Да Винчи, херој на Украина, борец доброволец, икона и храбра личност – Дмитро Коцјубаило – загина во битка. Борец на 67. посебна механизирана бригада, командант на баталјон. Загина во битката кај Бахмут, во битката за Украина“, рече Зеленски пред три дена објавувајќи ја веста за неговата смрт.

Тој потсети дека од 2014 година Коцјубаило „ги бранеше украинската независност и достоинството на украинскиот народ како еден од најмладите херои на Украина“. „Тој е еден од оние чија лична историја, карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина“, рече претседателот Зеленски.

Финскиот премиер Марин Сана денеска во Киев му оддаде почит на војникот.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking