Утрински Весник
Свет

(Видео) Масимо со Цетински пеел песна за 23 декември – датумот на неговата смрт

(Видео) Масимо со Цетински пеел песна за 23 декември – датумот на неговата смрт

Веста за смртта на музичарот Масимо Савиќ погоди многумина. Имаше верна публика во сите земји од поранешна Југославија, а од него се простија и бројни колеги.

dobivaj vesti na viber

Медиумите од регионот пишуваат за морничавата симболика на песната на неговиот колега Тони Цетински која им паднала во очи на многумина.

Станува збор за песната „23 декември“ од 1995 година.

Песната беше популарна, па во 2018 година Масимо и Тони во придружба на Петр Грашo ја изведоа во живо на ХРТ.

За жал, бидејќи Масимо почина на 23 декември, а песната се вика така, многумина ја коментираа случајноста, но се осврнаа и на текстот на песната.

„Дваесет и трети декември Два часа по полноќ, ѕвони телефонот. Повик од болница. Сè ми беше јасно. Не! Има само надеж дека времето сега ги лекува сите рани и оти Господ сега ќе ми даде сила да ги преживеам тие денови“ се стиховите од почетокот на песната.

На „Јутуб“ луѓето пишуваа коментари погодени од тажната вест.

„Оваа песна, изведена од Тони и Масимо, на денешниот датум – 23 декември – добива сосема нова димензија и значење!!!Почивај во мир драг Масимо️. Ангели те чуваат“, напиша еден обожавател.

„И токму на 23 декември нè остави! Почивај во мир Масимо“, пишуваа на социјалните мрежи.

Масимо почина во болницата Виноград во Загреб, каде се лекуваше од рак на белите дробови, а зад себе остави бројни хитови и кариера вредна за спомен.

Можете да прочитате

Унгарија во неволја: Зошто Орбан неизбежно мора да избере меѓу САД и Кина

Мраз ги покри улиците на најжешката земја во Европа

Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд