Утрински Весник
Македонија

(Видео) Маричиќ за односите меѓу Заев-Ковачевски и кавгите во СДСМ: Важно е приватно да се сакате, во партија да работите

(Видео) Маричиќ за односите меѓу Заев-Ковачевски и кавгите во СДСМ: Важно е приватно да се сакате, во партија да работите

Бојан Маричиќ, кој беше дел од Владата на Зоран Заев, а сега и на Димитар Ковачевски, одговараше за тоа кој од нив двајца е подобар во работата, на кого се огледува, за негативните и за позитивните страни. Маричиќ ги коментира и нивните квалитети, па зборуваше за кавгите во СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Важно е дома да се сакате. На работа, во партија, важно е да работите“, рече Маричиќ.

Прашан кој од нив двајца би го избрал ако има таква задача, рече: „И Ковачевски и Заев, секако“, а потоа даде одговор на прашањето кој повеќе му се допаѓа како политичар, односно на кого се огледува.

Маричиќ рече дека работел и со двајцата и имаат позитивни страни, па ја оцени нивната работа.

„Се разликуваат. Секој човек има негативни страни“, додаде Маричиќ.

Ретко комуницира со Заев, потенцира вицепремиерот, па одговори и на прашањата дали има кавги меѓу експремиерот и неговиот наследник Ковачевски.

Потоа даде одговор и на прашањето дали нешто му се допаѓа кај експремиерот Никола Груевски, но и го критикува кога во прашање се преговарањата. По ова, го коментира и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Маричиќ во интервјуто беше прашан и дали има позитивен коментар за некој опозиционер по што даде коментар за двајца од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи