Утрински Весник
Магазин

(Видео) Маргот Роби добила 12.5 милиони долари за улогата во „Барби“

(Видео) Маргот Роби добила 12.5 милиони долари за улогата во „Барби“

„Вараети“ дознава дека Маргот Роби добила 12.5 милиони долари за улогата на Барби. Исто толку добил и Рајан Гослинг, кој го глуми нејзиниот бескрајно верен придружник Кен.

dobivaj vesti na viber

Австралиската актерка беше најплатената актерка во 2022 година, благодарение на овој филм. Сумата што ја доби го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот Birds of Prey од 2020 година во кој ја глумеше Харли Квин.

Mаргот уште во 2014 година изјави дека отсекогаш имала силна работна етика и дека секогаш штедела. „Работев три работи истовремено. Во аптека, во канцеларија, во магацин, се занимавав со кетеринг… Секогаш се трудев да заштедам пари“, изјави таа во една прилика.

Се чини дека успеала. Според „Селебрити нет ворт“, нето вредноста на холивудската миленичка се проценува на 40 милиони долари. Своето богатство го стекна од филмови, соработки со големи брендови како „Шанел“ и, сопственост на недвижности.

Филмот за најпознатата кукла на светот заработи 155 милиони долари на американските киноблагајни изминатиов викенд. Медиумите потсетуваат дека претпремиерата во четвртокот го надмина претходниот рекорд за претпремиери од 17.5 милиони долари што го држеше „Чувари на галкасијата 3“ (Guardians of the Galaxy Vol.3).

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста