Утрински Весник
Свет

(Видео) Мал авион заврши на покрив од куќа во САД

(Видео) Мал авион заврши на покрив од куќа во САД

Мал приватен авион вчера околу пладне удри во покрив на куќа во Тексас, соопштија американските власти.

dobivaj vesti na viber

Двокатната куќа во која се урна авионот се наоѓа во Џорџтаун. Во куќата во моментот на несреќата немало никој, пренесува „Скај Њуз“.

Сите три лица кои биле во авионот се повредени и пренесени во болница, но немаат повреди опасни по живот.

Противпожарната служба на Џорџтаун во вчерашната објава на Фејсбук соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот ќе започне истрага за несреќата.

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп