Утрински Весник
Магазин

(Видео) Мадона сугерира дека е геј во видео на „Тик-ток“ – збунетите фанови се прашуваат дали е сериозна

(Видео) Мадона сугерира дека е геј во видео на „Тик-ток“ – збунетите фанови се прашуваат дали е сериозна

Мадона ги запали социјалните мрежи во неделата откако навести дека е геј во рамки на новиот вирален Тикток-тренд.

dobivaj vesti na viber

64-годишната кралица на попот сподели снимка од себе во својата бања додека се обидува да фрли розови гаќички во корпа за отпадоци, но не успева.

По нејзиното промашување, пејачката гледа во камерата пред драматично да се заврти, со испружена рака нагоре.

„Ако промашам, јас сум геј!“ напиша таа во својата објава, која собра 1.3 милиони прегледи само во првиот час.

Не е јасно дали ѕвездата само се шегува или всушност дава изјава за својата сексуалност, коментираат светските таблоиди еден ден потоа,  објавувајќи фотографии и исечоци од видето.

„Дејли мејл“ пишува дека Мадона јавно излегува со мажи, вклучувајќи ги Тупак Амару Шакур, Ванила Ајс и Денис Родман.

Мајката на шест деца беше двапати мажена – за Шон Пен (1985-1989) и неколку децении подоцна со холивудскиот продуцент Гај Ричи, со кого го добија синот Роко (22). Таа имаше врска и со танчерот Карлос Леон, татко на нејзината ќерка Лурд (25).

Иако никогаш јавно немала врска со жена, таа страсно се бакна со Бритни Спирс и Кристина Агилера на доделувањето на наградите на „Ем-ти-ви“ за најдобро видео во 2003 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста