Деновиве на „Твитер“ се споделува видео на кое се гледа човек со мачка на рамото, за кое се вели дека е животно спасено од урнатините во Газиантеп, а сега одбива да се одвои од својот спасител.
Мачката го добила името “Wreck”, (во слободен превод „Урнатина“)
A cat was saved from under the rubble in Turkey. It now refuses to leave its rescuer’s side. pic.twitter.com/Nveaxu3QrG
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 16, 2023
Белата мачка со црни шари имала среќа спасител во Турција да ја извлече од урнатините, а откако и’ дал нов живот, мачката не се одвојува од него.
Видеото од мачката која стои на рамото на својот спасител е вистински хит на социјалните мрежи, а илјадници луѓе се трогнати од глетката.
Mачката го обожава својот спасител Али Чакаш, турски олимпиец и тренер на велосипедизам.